0 коментари 1 мин. читање 23 мај, 2014

Популарната to-do листа Any.do сега е достапен и за веб

Any.do, една од најдобрите to-do листи за Android и iOS, која има над 10 милиони корисници, и која е синхронизиран со уште подобриот календар Cal, сега е достапна и за веб. Компанијата стартува своја прва веб апликација, која го има истиот минималистички дизајн како мобилната верзија и е дизајнирана да понуди „појасна прегледност за дневните приоритети без да се погледне во телефонот или да се отвори мобилната апликација“.

Во веб верзијата ново се двете поделби на обврските – Planning Mode со кои се прикажува преглед на обврските според фолдерите во кои се сместени за полесно организирање; и Focus Modе со кој се прикажуваат сите обврски на еден екран. Веб верзијата е синхронизирана со мобилната апликација, така што и при првото користење ќе ги видите дневните обврски кои ги имате сетирано.

Good day, Every day from Any.DO on Vimeo.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top