InstaFontMaker e Android апликација од Font.my која на корисниците им овозможува креирање на персонализирани фонтови за помалку од пет минути.
Креирањето на фонтовите е навистина едноставно, се што корисникот треба да направи е на својот уред секоја буква да ја нацрта на екранот, а потоа може да го користи креираниот фонт за испраќање пораки на социјалните мрежи. Директно од телефонот може да се испраќаат пораки и на Instagram, Facebook или Google+.
По креирањето фонтот може да се симне на комјутер, форматот на фонтот е .ttf што значи дека е компатибилен со Adobe Creative Suite и Microsoft Office.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови