Google на I/O ја претстави новата верзија на Android, наречено едноставно L. Се работи за пробна верзија наменета првин за девелоперите да ја тестираат, и штом ќе биде готова да биде пласиран како универзален оперативен систем за сите Android телефони, таблет компјутери, па дури и за автомобили и телевизиски сервиси. Ова е светот кој Google го замислува за вас со Android L:
[youtube]d36cIFCJvQs[/youtube]
Аndroid L (се oчекува официјалната верзија да се вика Lollypop) има попаметни нотификаци, подобар мултитаскинг кој сега скока од една на друга апликација преку 3Д интерфејс, поголема безбедност, побрзо работи, има подобра батерија и куп други новини кои се неопходни за секоја нова верзија на мобилен оперативен систем. Поголемо, побрзо, подобро. Но, не и поинтересно.
Тоа што Android L го прави уникатен е што Google сака да го унифицира дизајнот да одговора на сите уреди – од големите 10+ инчни екрани на таблет компјутерите, до малите 2+ инчни екрани за паметните часовници кои ќе работат со Android Wear. Новиот изглед е креиран според Material design интерфејсот, за кој Google вели дека е „метафора да се рационализира просторот и системот во движење“. Интерфејсот е минималистички, поедноставен за да се користат основните геометриски форми, и истовремено да биде чист, со искористување на празниот простор. Но, не е „рамен“.
[youtube]Q8TXgCzxEnw[/youtube]
Една од поважните новости е што Android L ќе може да се користи и во автомобилите. Брендирани како Android Auto, дел од функционалностите на оперативниот систем ќе можат да се интегрираат во таблите на автомобилите преку кои ќе може да се добиваат GPS нотификации, да се стрима музика и да се користат нотификации во вид на Google Now, па дури и да се праќаат пораки. Androd Аuto е одговор на Google на
Apple CarPlay.
[youtube]Ht8yzpIV9M0[/youtube]
Google на I/O објави куп новини кои, доколку сте фан на се поврзано со Android, можеби ќе биде најдобро да ја изгледате целата три-часовна презентација.
Стани премиум член и доби пристап до сите
содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет,
верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го
поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!
* плаќањето е
на годишно ниво
Доколку веќе имаш премиум
членство, најави се тука.