Македонските корисници не би се откажале од својот Android (инфографик)

во ИТ.МК

Дури 86 отсто од македонски корисници на паметни телефони со Android не размислуваат да направат промена на платформата, вели Android Македонија повикувајќи се на резултатите од анкетата направена со 512 испитаници. Разбирливо е што Android владее со македонскиот пазар бидејќи има куп разновидни Android уреди за сечиј џеб. Во моментов iOS уредите се премногу скапи за македонските корисници, иако тоа може да се промени со идниот поевтин iPhone, додека Windows Phone која е на евтини и убаво дизајнирани телефони, сепак нема доволно избор на апликации и е релативно нова платформа. За BlackBerry и Symbian, кои едвај опстојуваат, не вреди да се даваат пари додека не сте хардкор фан.

Анкетата открива и дека неверојатни 89 отсто од испитаниците користат мобилен интернет на својот телефон, што не изненадува ако се знае дека дури 70 отсто од испитаниците користат понова 4.0+ верзија, што е над глобалниот просек oд 60 отсто. Ова статистика кажува дека добар дел од испитаниците користат нови и модерни телефони за кои е неопходен интернет за комплетно искуство. Интересно, 34 отсто од испитаниците имаат рутиран телефон, односно „отклучен“ оперативен систем кој може да го менуваат и персонализираат по своја желба, или да ги бришат апликациите кои се инсталирани од производителите.

Најпопуларните брендови на Android телефони се Samsung, 31 отсто, и HTC, 25 отсто. По нив следат Sony Xperia уредите, 18 отсто, и LG, 10 отсто. Но, само 27 отсто од корисници се подготвени да платат за скап телефон, односно за уред кој чини над 20.000+ денари. Во тој опсег се телефони како Samsung Galaxy S3, S4, S4 mini, HTC One и други flag-ship уреди. Повеќето испитаници би одбрале и поевтин телефон до максимално 20.000 денари, а 11 отсто и не повеќе од 5.000 денари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
LordRaydenMK
LordRaydenMK
12 years ago

Ако се земе во предвид дека во Македонија телефоните под 10к се на андроид 2.3 (модели постари од 2 години) тоа и не е толку чудно.

iPhone или WP телефони сигурно не се поефтини

Pero P'rov
Pero P'rov
12 years ago

Wow 35% би платиле над 10к. Или примерокот на андроид корисници им е лош или не ни е толку сиромашна државата колку што мене ми се чини

Mile Zajkovski
12 years ago
Reply to  Pero P'rov

62% би платиле над 10.000ден :)

види ги сите огласи на kariera.it.mk