2 коментари 1 мин. читање

Американската војска направи паметен куршум кој менува правец

Американската војска работи на паметно оружје и куршуми кои откако ќе бидат испукани можат да го променат правецот, а со тоа и делумно да ја следат целта. The Extreme Accuracy Tasked Ordinance или EXACTO има цел да ја зголеми ефикасноста на снајперите и безбедноста на војниците со тоа што ќе им овозможи да делуваат од поголемо растојание и ќе се намали и времето на напад врз непријателските трупи.

Станува збор за куршум со калибар .50 кои се развива под покровителство на DARPA и прв паметен проектил со помал калибар. Технологија е во развој веќе пет години, а сега влегува во втора фаза на тестирање. Информациите велат дека EXACTO може прецизно да погодува на рестојание од 2 километри, а куршумот во текот на летот може да компензира за промените во најразлични непредвидени фактори како на пример промена на ветерот.

„Технолошкиот развој во втора фаза го вклучува дизајнот, интеграцијата и демонстрација на аеро-задвижувачите, напојувањето, системот за оптичко наведување и сензорите. Следната фаза вклучува level-five тестови и рафинирање на технологијата за да се подобрат перформансите“, извести DARPA на својот сајт.

Засега нема информации за тоа како се придвижува куршумот во текот на летот, како и како се следи целта, а на видеото движењето на куршумот изгледа како нешто што сме го виделе во фантастичните серии и филмови.

[youtube]vX8Z2MDYX3g[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top