Најголемата онлајн продавница наскоро би можела да презентира нова услуга. Вести од компанијата велат дека Berkshire Hathaway нa Ворен Бафет, и JPMorgan Chase заедно со гигантот за е-трговија се заинтересирани за влез во здравствениот сектор.
Целта на трите компании според изворите е да го олеснат товарот кој здравствениот сектор го има врз економијата. Ова не е едноставно. Самиот систем е комлексен, а за успех ќе бидат потребни талентирани експерти, ум на почетник и долгорочна цел, прогнозира Џеф Безос.
„Нашите граѓани сакаат транспарентност, знаење и контрола кога е во прашање менаџирањето со здравствениот систем. Нашите три компании имаат на располагање неверојатни ресурси, нашата цел е да креираме решение кое ќе им помогне на сите вработени, нивните семејства и потенцијално, на сите Американци“, изјави Џејми Димон, од JPMorgan.
Првично компаниите се надеваат дека ќе изнајдат соодветно технолошко решение. Овие решенија ќе треба да го олеснат здравственото лекување.
Сепак за некое видливо решение е рано да се зборува. Компаниите само што ја објавија соработката, а проектот е во фаза на планирање.
„Превисоката цена на здравството е закачена како паразит на американската економија. Нашата група не доаѓа за овој проблем со решенија. Но, не го прифаќаме неизбежното. Напротив, верувам дека ако ги ставиме нашите ресурси зад најголемите таленти во државата, во иднина ќе може да ја држиме под контрола цената на лекувањето“, вели Ворен Бафет.