Amazon pages ќе им овозможи на клиентите да креираат сопствени дестинации на Amazon.com. Целта е да се направи покомфорна околина во која купувачите би се чувствувале послободни и би купиле повеќе производи. Новата услуга Amazon ja најави како бесплатна.
Страните на Amazon прилично наликуваат на друштвените мрежа за брендови. Ова би им помогнало на клиентите на Amazon да понудат подобар прв впечаток. На своите профили компаниите ќе можат да презентираат и пет продукти и пет линкови до каталогот на компаниите. Изборот е целосно оставен во рацете на компаниите, а можеби ќе бидат производи кои ги промовираат во моментот.
Покрај ова на своите профили компаниите ќе можат да споделуваат и пораки. Ова ќе биде овозможено со Amazon Posts. Слично како на Twitter пораките ќе бидат ограничени на 140 карактери. Овие пораки ќе може да бидат споделувани, од и на Facebook,а ќе почекаме за да видиме дали ќе има крос-платфорно споделување на пораки и со некоја друга друштвена мрежа.
Последниод дел, Amazon Analytics, ќе им овозможи на корисниците да ги анализираат резултатите од постовите, рекламите и останатите маркетинг одлуки, но анализата на „одекот“ на постовите, бројот на прегледи и продажба би можела да покаже и во која насока би требало да се движат следните чекори.
Овој потег само ќе додаде уште една димензија на Kindle таблетите за Amazon, како можост за дополнителна презентација и реклама од брендовите директно на корисниците.







