0 коментари 2 мин. читање 20 јануари, 2014

Amazon ќе ви праќа продукти, уште пред да знаете дека ги сакате

По научно-фанатастичната идеја да ги испорачува пакетите преку беспилотните летала, Amazon сега патентираше и испорака на продукти според претходно предвидување. Amazon планира да започне со испораката на своите продукти уште пред купувачите да ја потврдат продажбата. Амриканското патент биро и одобри на е-продавницата патент со кој компанијата ќе може да започне со предвидувањето на испораката и ќе ги префрла продуктите до претпродавачите каде очекува дека продажбата ќе биде поголема, а со ова ќе се скрати периодот на чекање за корисниците.

Компанијата ќе започне со пакувањето на еден или повеќе продукти за евентуалното испраќање до адресите, избирајќи ја најверојатната географска локација без да биде потврдена адресата при почетокот на испраќањето, а додека пакетот се испорачува ќе биде испратен на одбраната адреса. Доколку дури и се случи компанијата да испорача некој од продуктите за кои купувачот не е заинтересиран, Amazon не се грижи за загубите и ќе ги понуди како „промотивен порадок за меѓусебна добра воља“, јавува Verge.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top