0 коментари 1 мин. читање

Amazon го претстави своето ново беспилотно летало за достава

Кога Amazon се пофали дека Џереми Кларксон и останатите момци од Top Gear ќе работат за Amazon, не мислевме дека првата работа која ќе ја погледнеме со нив е реклама. Сепак токму г. Кларсон ја презентираше надградбата на Prime Air, првиот хибриден дрон кој ќе доставува производи од продавницата до домовите.

Освен изгледот на видеото може да се забележи дел од податоците кои беспилотното летало ги регистрира додека врши испорака. Новото летало може да лета со брзина од 90 km/h на растојание до 24 километри, пред да треба да се полни. Слично како и со испораката по пошта, корисникот ќе има можност да провери до каде е неговата нарачка и кога ќе пристигне. Доколку веруваме на видеото, ова е само првото летало во флотата за која во иднина луѓето ќе се навикнат и ќе бидат подеднакво чести како камионите на патиштата.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top