Amazon ангажира илјадници роботи да помогнат со празничните испораки

0 коментари 1 мин. читање

Десетици илјади Kiva роботи им помагаат на вработените во Amazon за секојдневна испорака за време на декемвриските празници. Во овој најфреквентиот период се надминуваат и милион испораки дневно, па компанијата ангажира технологија да им помогне на луѓето да се справат во хаотичните магацини. Покрај 15-те илјади Kiva роботи, во магацините на Amazon „работи“ и Robo-Stow, најголемата роботска рака.

Роботите се прозвод на Kiva Systems, компанија која од 2012 година е во сопственост на Amazon, и која веќе најавува и испорака со помош на беспилотни летала, иако засега има уште многу време за реализација на овој проект. Тоа што можеби е интересно се последиците кои ќе ги имаат роботите врз бројот на вработни во Amazon, иако барем засега компанијата вработи дополнителни 80.000 работници за божиќните празници.

[youtube]tMpsMt7ETi8[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед