Активирајте го Dark Mode за YouTubе

Неодамна ве запознавме со три начини за подобро уживање на YouTube, како и за можност да читате коментари додека ги впивате вашите омилени видео материјали, но што доколку би сакале да ја издигнете ефикасноста на ниво до кое најблагодарни ќе ви бидат вашите очи?

Белата површина која доминира на YouTube знае да биде исклучително предизвикувачка за видот, особено во ноќните часови и она што можете да направите е да ги намалите ефектите од таквото нешто со најновата опција на Windows 10, наречена Night Light или пак преку убедливо подобрата алтернатива која се испорачува со програмот f.lux. Овие програми се одлични за каква било работа на компјутерот.

За дополнителна и изолирана мерка, самиот YouTube има таинствен Dark Mode кој ги истакнува видеата, текстот и сликите така што ги прилепува на црна површина.

Ваквото нешто функционира со Chrome верзијата 57 и нагоре, и сè што треба да направите за да го активирате е да ги следите следниве чекори.
Првин, отворете го YouTube преку вашиот прелистувач и притиснете комбинација од Control+Shift+i за да го отворите панелот Developer tools (Сопсвениците на Mac одат со кратенката Option+Command+i). Од ново-отворениот прозорец, отворете го јазичето Console и впишете: document.cookie=VISITOR_INFO1_LIVE=fPQ4jCL6EiE” па стиснете Enter. Во моментот кога тоа ќе го направите потребно е да исклучите Developer Tools и да го освежите прелистувачот. Нареден пат кога ќе кликнете на главното мени за опции ќе забележите во горната страна опција за активирање на Dark Mode. Вклучете ја за да уживате во потенцијалите на готската визуелизација.

Dark Mode е само една од бројните опции со кои се експериментира за да се подобри севкупното искуство на YouTube.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Petar
Petar
9 years ago

Би сакал само да напоменам дека командата не работи бидејќи недостасуваат наводници после знакот „=“, па точната команда би била: document.cookie=”VISITOR_INFO1_LIVE=fPQ4jCL6EiE”

Поздрав!

k8fresh
k8fresh
9 years ago
Reply to  Petar

Несака да функционира, ве молам за помош.

види ги сите огласи на kariera.it.mk