0 коментари 2 мин. читање 9 јуни, 2017

Airbnb го претстави својот план за помош на бегалците

Open Homes е платформата на Airbnb која треба да им помогне на сите на кои им е потребна помош.

„На почетокот на годината си зацртавме дека во следните 5 години ќе им помогнеме на нашите домаќини да им ги понудат домовите на 100.000 раселени лица. Зошто да не им го понудиме истото решение на сите кои се раселени? Денес, јас и мојот тим лансираме платформа за која се надеваме дека ќе биде катализатор на нашиот прогрес кон оваа цел: airbnb.com/welcome“, вели Џо Гебиа на блогот на Airbnb.

Идејата произлезе откако компанијата и се спротивстави на забраната за влез во САД, која сака да ја воведе Доналд Трамп. Тогаш компанијата вети дека ќе им обезбеди простор на сите бегалци, а сега Open Homes платформата е токму тоа. „Позајмувањето“ на станови започна уште во 2012 година кога поради бурата Сенди, неколку корисници ги отворија вратите од своите станови.

Open Homes овозможува на една платформа да може да се пронајде престојувалиште за сите на кои им е потребно. Платформата функционира речиси подеднакво како и Airbnb. Сопственикот може да одбере кои денови домот е достапен, колку дена, за колку луѓе.

Во моментов 6.000 домови им се достапни на раселените. Половина од огласувачите не се Airbnb домаќини.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top