Нешто подоцна од останатите своите финансиски податоци за првиот квартал ги објави и Activision Blizzard. За трите месеци кој завршуваат на 30 јуни, објавија профит од 355 милиони долари од продажби вредни 1.1 милијарди долари. Со ова Аctivision Blizzard ја подобриле продажбата од лани за 13%. Најдобро продавана игра во Америка и Европа во овој период е Call of Duty: Black Ops. Ова претставува и рекорден квартал во поглед на дигиталните продажби кои изнесуваат 37% од вкупната продажба, се разбира дека најголем дел од овие продажби е од изданијата на Blizzard World of Warcraft и Starcraft 2. Од останатите бројки кои се за одбележување секако е порастот на онлајн играчи на Black Ops. За иднина компанијата најави дека ќе проддолжи со подршката за сега легендарните серијали Warcraft, Starcraft и Diablo.
Покрај добрите вести сепак има и загрижувачи најави, имено продолжува трендот на намалување на претплатници на World of Warcraft. Во овој квартал бројот на претплатници е намален за 300.000, број кој се надоврзува на 600.000 од предходното тромесечие. И покрај намалувањето на бројот на претплатници на светско ниво, „порастот на добивката се должи на навлегување на играта во Кина“ – Марк Морхаим.
И покрај тоа што постои можност во оваа година Blizzard да не издадат ниту една игра сепак не се без активности. И покрај тоа што сè уште не се во можност да ја објават датумот на издавање на Diablo III се надеваат дека можеби сепак ќе биде оваа календарска година. Сепак објавени се некои податоци за Diablo III. Освен со Diablo III и Starcraft 2: Heart od the Swarm во Blizzard наскро ќе бидат зафатени со уште еден ММО проект кој сега за сега е наречен Titan, која ќе биде наменета за играчи кој имаат помалку време за играње, со што WoW и Project: Titan ќе можат да опстојат заедно.
На почетокот на aвгуст излезе веста дека Blizzard го заштитија „Mists of Pandaria“ за користење во видео игри и забава. Како и трејдмаркот на Cataclysm и овој е заштитен за меѓународна употреба. Последната вест од Blizzard која е и намногу за поздравување е за Centarion Hatchling, до сега се донирани 1.9 милиони долари за жртвите од замјотресот во Јапонија. За останатите вест за Starcraft, Diablo и Project: Titan по се изгеда ќе треба да се стрпиме до Октомври кога се одржува BlizzCon