0 коментари 1 мин. читање

ИТ.мк: Фото клуб Козјак со стрим во живо на изложби

„Бидејќи изложбата е за цела Македонија, а и за многу странци кои не можат да присуствуваат на отварањето, се одлучивме да ја стримаме изложбата.“ вели Предраг Тасевски од фото клубот кој додаде дека стримањето во живо ќе продолжи и со идните настани. Следниот настан кој ќе се одржи во кумановската галерија е во октомври и ќе биде интернационален, па видеото ќе оди и со превод на англиски.

Отварањето на изложбата на македонски фотографии – Фото Фокус 2010 – започнува во 20 часот и доколку не сте во Куманово и не можете да дојдете во галеријата да ја следите изложбата, можете да го погледнете стримот подоле или да го посетите сајтот на фото клубот Козјак каде има и друга камера со друга перспектива од настанот. На нивниот сајт подоцна ќе се објави и снимка од отварањето.

Инаку преносот се стрима преку LiveStream.com платформата која овозможува на секој со камера и интернет врска да стрима видео во живо.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top