0 коментари 1 мин. читање

GG.mk S01E08: Прескокнете ја Assassin’s Cread Rogue!

Можеби најчесто рецензираат одлични игри, и се воодушевуваат од нив, но GG.mk во последната епизода покажа дека знаат да бидат брутално критични кон игрите кои се лошо направени. Поточно на нишанот им се најде Assassins’s Creed: Rogue која ја искритикуваа од лошиот гејмплеј до лошата приказна за на крај да предложатда ја избегнете играта, ако не сте хардкор фан на серијалот.

Гораст, Данко, Бобан продолжија со гејминг хардер, поточно Alienware Alpha, кој ќе ве стави на мисла ако сакате лаптоп или пак конзола. Беше претставена и The Blue Flamingo која е нова аркадна игра направена со картонски модели и вистински коли-играчки кои се движат со магнети. Освен што е направено „царски“, гејмплејот изгледа уште подобро…. за повеќе игри, меѓу кои и Far Cry 4, погледнете ја осмата епизода на GG.mk.

[youtube]67oh7_LXISg[/youtube]

Disclaimer: IT.com.mk е медиумски партнер на GG.mk бидејќи веруваме дека гејмингот е добро хоби, и се почестo одличен е-спорт.
Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top