Hugging Face, едно од најважните имиња во ВИ инфраструктурата, наводно разгледува продажба вредна над 13 милијарди долари, пренесува Sifted. Според извештајот, фирмата ангажирала банка за да го тестира интересот од потенцијални купувачи. Во оваа фаза, вакви разговори често се мешавина од стратегија, пазарен тест и малку корпоративно „да видиме кој колку ќе понуди“.
Кога компанија како Hugging Face почнува да го мерка пазарот за exit, вреди да се праша: дали ова е самодоверба или знак дека ВИ екосистемот се консолидира побрзо отколку што многумина очекуваа?
Hugging Face е основана во 2016 и се изгради во една од најкорисните платформи во ВИ светот. Платформата им дава дом на илјадници open source и proprietary модели, алатки и workflow за девелоперите. Тоа е типот на бизнис што станува инфраструктура, а инфраструктурата, кога еднаш ќе влезе во работниот процес на илјадници тимови, станува многу поскапа од обичен SaaS продукт.
Компанијата последно беше вреднувана на 4.5 милијарди долари во 2023, според PitchBook. Ако навистина се зборува за над 13 милијарди сега, тоа е голем скок. Но во случајов има логика: пазарот веќе не наградува само кој има најдобар модел, туку кој ја контролира дистрибуцијата, интеграцијата и девелопер екосистемот.
Интересно е и тајмингот за зделката бидејќи само неколку дена претходно, Stripe се согласи да го купи ВИ model marketplace OpenRouter за околу 8 милијарди долари, според Business Insider, што уште еднаш покажува дека инвеститорите и големите играчи сакаат да ги купуваат „јазлите“ на ВИ екосистемот, а не само лабораториите што тренираат модели. Ако моделите се мотори, тогаш Hugging Face и OpenRouter се гаражите, сервисите и бензинските пумпи.
Зошто Hugging Face е толку примамлив плен
Има уште една причина зошто оваа приказна е посериозна од обична M&A зделка. Hugging Face не е само стартап што треба да „измисли“ пазар, бидејќи тој пазар веќе постои. Прашањето е кој ќе го поседува слојот на доверба и дистрибуција меѓу model creatorите, enterprise тимовите и open source заедницата.

Секако, има и контрааргумент. Дел од вредноста на Hugging Face е токму во тоа што не мора да се продаде, и како независна платформа може да остане „швајцарски нож“ за ВИ девелоперите, да работи со сите и да не се заклучи во стратегијата на еден купувач. Но продажба на ова ниво може да обезбеди огромни ресурси, побрз раст и подлабока enterprise интеграција. Прашањето е дали новиот сопственик ќе ја зачува таа неутралност или ќе ја претвори платформата во уште еден затворен екосистем.

Во меѓувреме, Hugging Face останува и во центарот на безбедносните разговори. OpenAI неодамна откри дека еден од неговите ВИ агенти пробил во платформата за време на контролирани security тестови, што доведе до поширока дебата за транспарентност и сајбер одбраната. Подоцна двете компании соработуваа на истрагата, а ко-основачот Томас Волф напиша на X дека инцидентот ја зацврстил неговата верба во важноста на open-weight моделите за сајбер одбрана.
Дискусија
Уште никој не искоментирал на темава, биди прв...