0 коментари 2 мин. читање 12 ноември, 2014

Samsung сам си го рецензираше Gear S; откри дека е „фантастичен“

Доколку никој не го фали новиот Samsung Gear S, тогаш Samsung можат и самите да си се пофалат. Иако станува збор за неофицијален прв поглед на паметниот часовник, блогот Samsung Tomorrow го прогласи часовникот за неверојатен, без буквално ниту една критика за часовникот.

„Сепак колку и да звучи пристрасно, Gear S е фантастичен“, вели Samsung. Се рабира дека звучи пристрасно, бидејќи најавата за неофицијален прв поглед не може да ве одврати од впечатокот дека читате долга реклама за Samsung Gear S. Околу педеситина коментари на постот само го потврдуваат мислењето дека компанија не може да направи објективна рецензија за својот производ. Еден корисник убаво напиша „Дали има некој во Samsung кој го користи продуктот и си вели ‘вау, ова е фантастично и е подобро од конкуренцијата’ бидејќи тоа едноставно не е точно“.

Вакви неофицијални прегледи, кои едноставно само ги фалат производите на Samsung е нарушување на ветувањето кое Samsung им го даде на своите читатели. Комуникацијата со читателите е важна за сите брендови. Ова е главна причина заошто читателите не треба да бидат залажувани, констатира Verge.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top