0 коментари 1 мин. читање 7 ноември, 2014

South Park во нова епизода покажа зошто мобилните игри се глупави

South Park во својата нова епизода направи неверојатна сатира за мобилните игри кои ги заведуваат играчите да трошат вистински пари за да купат виртуелна валута. Во епизодата „Freemium isn’t Free“ се исмејуваат игрите кои го заведуваат играчот со едноставни задачи за кои е награден со виртуелна валута. Трикот во овие игри е што играчот мора да чека за својата награда со која отклучува дополнителни делови од играта, но ако е нестрплив ќе мора да потроши вистински пари за виртуелни валути. Концептот е едноставен да се разбере, но зависноста од овие игри, посебно кај младите кои трошат еден куп пари на апликации е можеби посложена да се разбере. Или ако се послушаат South Park, таа е всушност „наследна“.

[youtube]MS4VRbsjZrQ[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top