6 коментари 1 мин. читање

Апликација на денот: МК Тransport ги знае сите автобуски линии

Кога доаѓа автобусот за Тетово од Скопје? На вакво прашање имате две опции, да се јавите во автобуската или да ја oтворите апликацијата MK transport со која ќе ги дознаете сите термини на автобуските и железничките линии. Апликацијата е креирана од Бранко Димитријоски кој вели дека во апликациите се „земени предвид сите населени места и сите попатни страници“. Со MK Transport може да се добијат информации за поаѓање и пристигнување, цена на билетите, превозниците и попатните станици, што може да биде корисно при долгите патувања.

MK Transport e засега бесплатна и засега достапна само на Windows Phone. Но, Бранко вели дека планира да направи Android, Windows и веб верзија.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

6 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top