1 коментар 1 мин. читање

HP се дели на две: eден оддел за бизниси, другиот за PC и принтери

Hewlett-Packard и официјално објави дека се дели на два дела. Едниот HP Inc. ќе биде задолжен за персонални компјутери и принтери, а вториот дел Hewlett-Packard Enterprise ќе биде задолжен за останатите бизнис услуги како сервери и „storage“ и слично, јави Wall Street Journal.

Иако делењето на Hewlett-Packard се случи деновиве, сепак веста е доста стара. Првите шпекулации се појавија уште во 2011 година кога за прв пат официјално Hewlett-Packard проговори за можност разделување од PC бизнисот. Причината за оваа поделба е што компанијата долго време беше лидер во продажбата на персонални компјутери, но минатата година овој примат им беше одземен од Lenovo. Целта зад поделбата е иста што ја имаат и eBay и PayPal, а тоа е секој оддел да има поголем фокус на работите и побрзо да може да конкурира на пазарот.

Hewlett-Packard е основана од Бил Хјуи и Дејв Пакард во 1935 година, а нивното основање и почетоци во мала гража и почетна инвестиција од 538 долари во Пало Алто, е една од легендите и најмотивирачките приказни од Силициумската Долина.

[youtube]hLORM1TcE1A[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top