Рецензија: Toy Tactics го револуционизира начинот на кој се играат стратегиите со контролери

Од талентираното студио Kraken Empire ни доаѓа револуционерна стратегија која ви дозволува да контролирате единици кои се во форма на разиграни минијатурни фигури. Покрај имплементирање уникатни начини за управување, ќе водите сметка за физичките закони и ќе решавате загатки во еден преубав шарен свет од кој зрачи нескротлив потенција за длабоки стратегии.

Стратешка револуција

Toy Tactics се одликува со невообичаено, но забавно управување каде рачното влечење линија е знак за идната формација на вашите единици. Овој едноставен концепт одлично се вклопува со дизајнот на единиците кои се замислени како минијатурни фигури кои, нели, потребно е да се кренат и постават на одредена локација низ мапата. Во случај да сакате да контролирате повеќе единици од еднаш потребно е да задржите комбинација од копчиња и да го одредените правецот и поставеноста на формациите.

Откако ќе ја зададете командата, движењето кое стапува на сила е слатко и со симпатично нишање лево-десно, при што се удираат и отфрлуваат најразлични препреки. Истото е очигледно и при самите битки, каде единиците се залетуваат, се удираат и се отфрлуваат едни-од-други, а парчиња од скршени предмети летаат на сите страни. Овие битки автоматски започнуваат штом вашите единици дојдат во контакт со непријателиски. Во такви ситуации, се што можете (барем на почетокот) е да се чекате и да видите како ќе се одиграат битките. Доколку појдат работите наопаку, или пак ви е потребно време за стратешко ретактизирање, можете во кој било момент да го паузирате времето и да издадете различни наредби на вашите единици.

Во спас на овците!

Моќта на четката!

Една од најинтересните опции во Toy Tactics е можноста „рачно“ да ги цртате формациите на вашите единици. Имено, со кликнување на икона над одредена група единици, ќе навлезете во таканаречениот режим за цртање. Што и да нацртате со четката во овој режим, тоа ќе биде новата формација на сите единици кои припаѓаат во таа група. Таа формација останува заклучена како таква се додека не решите вие лично да нацртате некоја друга подоцна.

Подразбирливо, лесно можете и да делите поголема група на неколку помали формации така што, на пример, ќе нацртате две линии на различни места од бојното поле, при што фигурите послушно ќе отскокаат таму. За да споите две групи во една, пак, цртате една врз друга линија. Во случај да сакате да ги соберете сите единици во една формација, потребно е да кликнете на иконата од левата страна на екранот и, потоа, да ја нацртате саканата формација.

За секоја главна мисија на мапата, ќе имате и неколку споредни. Мисиите се едноставни и обично се сведуваат на: уништување на сите непријатели, поминување преку или освојување на одредена критична точка на мапата, преземање содржините на некој ковчек, и слично. Помеѓу мисиите ќе можете да отклучувате најразлични магии од разорен или одбрамбен карактер. Правилна употреба на овие магии во вистинско време знае значително да влијае на бојното поле.

За секоја мисија ќе можете да вметнете и користите до четири уникатни магии, како фрлање огнени стрели, поставување камен ѕид, повикување засилување, или фрлање експлозивни вазни. И, пред да прашате, да, ќе можете да нацртате како да се реализираат магиите. Во случајот со огнените стрели, вистинско задоволство е кога тактички ќе одредите каде секоја стрела да удри. Како ви се зголемува буџетот, така ќе можете да правите уште поинтересни надградби, варијации на веќе-постоечките или целосно нови магии.

Шесте уникатни единици кои ви стојат на располагање

На располагање имате шест единици. Секоја од нив се одликува со различни офанзивни и дефанзивни способности како и различни параметри на издрживост, сила и движење. Секоја единица може да носи по еден од три реликти. Овие реликти ем зголемуваат одредени статистички вредности, како повисока отпорност, или поголеми шанси за одбивање проектили. Но, голем дел од реликтите ги зголемуваат шансите и за целосно нови можности за време на бојното поле. Па така, доколку стрелците го носат Bow of Apollo, ќе можат од време на време да фрлаат огнени стрели. Други единици ќе можат да се лечат, а трети да стануваат поефикасни во близината на кралот.

На крај од секоја мисија ќе можете да видите кои мисии успешно сте завршиле, колку единици сте убиле, а колку изгубиле, и слично.

Преубава, шарена графика и разиграни анимации, во комбинација со весела музичка подлога, ќе се погрижат секогаш да сте пријатно расположени, дури и кога губите.

Toy Tactics е игра во која примарната цел е на брза и флуидна забава. Нема да губите време на статистичко следење табели, нема да се мачите со непотребнос собирање и користење ресурси, ниту пак да се стресирате околу здравјето на вашите едицици. Вашата примарна задача е да се забавувате додека ги истражувате мапите, решавате споредни мисии и уништувате легија од непријатели на забавни и непредвидливи начини.

Во сите овие аспекти, Toy Tactics е одлична игра, особено доколку решите да ја проверите на Steam Deck. Управувањето преку контролерот е флуидно, а особено ни се допаднаа првите премини и цртањето формации на екранот. Забавна игра за незаборавни моменти, топла препорака!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Kraken Empire
  • Издава: Joystick Ventures
  • Жанр: стратегија
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 19 септември 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments