3 коментари 1 мин. читање

ИТ дискусија: Национална политика за слободен софтвер

Се спомена дека иако поголем од компаниите користат затворен софтвер, сепак помладите генерации се доста запознаени со овој софтвер. Затоа е потребно да се постават стандарди и принципи за работа, да се среди лиценцирањето на софтверот и за неговата модификација. Како пример беше предложено да се ослободи секој образовен труд изработен од студентите/учениците.

Работната група верува дека со ослободување на кодот т.е воведување на отворен стандард посебно кај владините интитуции ќе доведе до поголема транспарентност. Ако е за јавна намена тогаш софтверот треба да е јавно објавен, да се знае по кој критериум/алгоритам работи, нели?

Исто така, потребно е и да се мотивираат и преведувачите, бидејќи слободниот софтвер може лесно да се локализира, преводот може да биде слободен и да е изработен од луѓето со цел да се подобри. Токму таа пристапност до кодот е и клучот за безбедноста на софтверот. Ако е јавно објавен повеќе луѓе ќе можат да го прегледаат, тестираат и со тоа да се подобри и безбедноста.

Подолу се слики од настанот, а повеќе информации за настанот забелешките и учесниците на настанот ќе ги најдете на npss.slobodensoftver.org.mk.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top