6 коментари 2 мин. читање

10 најдобри видео игри кои го доловуваат летото

За време на летниот период, би можеле да посакате да одиграте некоја игра која одлично ја доловува оваа сезона. Токму поради тоа, решивме да одбереме 10 игри кои феноменално го прикажуваат летото и сите благодети поврзани со него!

Abzû

Релаксирачка игра со нуркање и истражување преубави подводни светови.

Dead Island

Отстранете ги зомби чудовиштата и добивате преубава тропска дестинација со напуштени плажи, клубови и градчиња

Sunset Overdrive

Уникатни гејмплеј механики уредно спакувани во локации кои врескаат за летно освежување

Spider-Man

Miles Morales е целосно фокусирана на зимската магична атмосфера, но оригиналната Spider Man одлично го обвиткува градот во преубава лепеза од летни бои

Assassin’s Creed: Origins

Првата игра од најновата трилогија е сместена во Египет и, доколку имате доволно јак компјутер, можете буквално да ја почувствувате пустинската жештина

Firewatch

Исклучително кратка игра со впечатлива приказна сместена за еден краток летен период

Fallout: New Vegas

Една од најдобрите Fallout игри е сместена во Mojave пустината и остава впечаток на безмислосно постапокалиптично лето од пеколот

PowerWash Simulator

Не се шегуваме, проверете ја играта и уживајте во чистата моќ на водата, особено за време на огромните летни горештини

Road 96

Нашата омилена игра се одликува со трогателна приказна и длабоки политички интриги вешто исткајани во само едно лето

Forza Horizon 4 и 5

Како една од најдобрите тркачки игри, сезоните во Forza се зашеметувачко добри, особено летото!

Која игра би можеле да ја додадеме на листата? Кажете нѝ во коментарите!

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

6 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top