Веб-страница Komuna.dev
Комуна.дев бара техничар за ИТ поддршка. Софтверот на кој што работиме е веб апликација за афилиејт маркетинг за крипто берзи.
Комуникацијата со клиентите, во главно се одвива преку Скајп чет канали и Џира тикети.
Тимот брои 16 луѓе во Македонија и уште 10-тина во Холандија. Клиентите за кои што работиме се од Холандија и Израел.
Работното време за прва смена е од 9:00 до 17:00, со доза на флексибилност.
Еднаш во неделата, наместо прва смена, се работи втора смена, од 16:00 до 22:00 (6 часа).
Работа од дома е дозволена, после првите неколку месеци на адаптација. Викенди не се работат.
Потребни квалификации:
– одлично познавање на англиски јазик
– способност за пристојна комуникација со клиенти, дури и во стресни ситуации
– претходно искуство во областа на техничка поддршка
– аналитички вештини
– општо познавање и снаоѓање во информациски системи
Бонус вештини:
– претходно работно искуство со афилиејт маркетинг
– познавање на HTTP протокол
– познавање на SQL


