За вработување во сектор за ИТ на МРЕЖЕН АДМИНИСТРАТОР
За позицијата
Работното место опфаќа:
- Конфигурација и одржување на мрежни уреди и комуникациски врски
- Мониторинг, контрола и оптимизација на перформансите на комуникациските врски
- Дефинирање на права на пристап на корисниците на мрежно ниво
- Имплементација и одржување на безбедност на мрежата
- Конфигурација и мониторинг на хардверски и софтверски огнени ѕидови
- Конфигурација и мониторинг на мрежни уреди за детекција на упади
Потребни квалификации:
- Искуство во одржување на Cisco и HP мрежни уреди
- Искуство во одржување на комуникациски врски и мрежни адресни шеми, мониторинг и оптимизација на перформанси на комуникациски врски
- Искуство во дефинирање на права на пристап на мрежно ниво и безбедност на компјутерски мрежи
- Завршено соодветно високо образование
- Одлично познавање на англиски јазик
- Работно искуство од најмалку 3 години во областа
Работата е со полно работно време, 40 часа неделно. Банката исплатува додатоци и надоместоци од работен однос согласно законските прописи и нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина со можности за професионален напредок.
Кратка биографија може да се достави онлајн на http://www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/, преку e-mail до [email protected], или во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место се аплицира. Лице за контакт: Даниела Радевска, тел.02/3295-277.
Банката ќе изврши избор во законскиот рок, согласно бројот на пријавени кандидати. Селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.