За вработување во сектор за ИТ на АДМИНИСТРАТОР НА КАРТИЧЕН СИСТЕМ
За позицијата
Работното место опфаќа:
- Администрација и одржување на картичен систем, мрежа на банкомати и централно управување со ПОС терминали
- Администрација на правата на пристап кон картичниот систем
- Имплементирање и одржување на безбедноста на картичниот систем
- Решавање на проблеми при работата на апликациите и базите на податоци во картичниот систем
- Мониторинг, контрола и оптимизација на перформансите на картичниот систем
Потребни квалификации:
– Познавање на Unix / Linux оперативни системи
– Познавање на бази на податоци
– Познавање на компјутерски мрежи и сигурност на информативни системи
– Познавање на систем мониторинг, процес на решавање на инциденти и проблеми, тјунирање на перформанси на системи
– Познавање на картични системи, банкомати и POS уреди ќе се смета за предност
– Завршено соодветно високо образование
– Одлично познавање на англиски јазик
– Работно искуство од најмалку 3 години во областа
Работата е со полно работно време, 40 часа неделно. Банката исплатува додатоци и надоместоци од работен однос согласно законските прописи и нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина со можности за професионален напредок.
Кратка биографија може да се достави онлајн на http://www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/, преку e-mail до [email protected], или во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место се аплицира. Лице за контакт: Даниела Радевска, тел.02/3295-277.
Банката ќе изврши избор во законскиот рок, согласно бројот на пријавени кандидати. Селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.