Стопанска Банка АД - Скопје Архивиран оглас

За вработување во сектор за ИТ на UNIX СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР

вработување 13 јуни, 2022
Овој оглас повеќе не е активен. Содржината е зачувана како дел од архивата на IT.mk Кариера.
Види активни позиции
Детали за огласот

За позицијата

Работното место опфаќа:

  • Администрација и одржување на IBM AIX и Linux системи
  • Инсталирање на софтвер и конфигурирање на системи
  • Администрација на корисници во системите
  • Имплементација и одржување на безбедноста на системите
  • Заштита и реставрација на податоци
  • Мониторинг, контрола и оптимизација на перформансите на системите

Потребни квалификации:

  • Искуство со Unix и Linux системи за администрација, конфигурирање, одржување на безбедност, изработка на скрипти, анализа и решавање на проблеми, подобрување на перформанси
  • Завршено соодветно високо образование
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Работно искуство од најмалку 3 години во областа

Работата е со полно работно време, 40 часа неделно. Банката исплатува додатоци и надоместоци од работен однос согласно законските прописи и нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина со можности за професионален напредок.

Кратка биографија може да се достави онлајн на http://www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/, преку e-mail до [email protected], или во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место се аплицира. Лице за контакт: Даниела Радевска, тел.02/3295-277.

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, согласно бројот на пријавени кандидати. Селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

Мени
Заедница
Изглед
To top