Стеетс ДООЕЛ Скопје Архивиран оглас

PHP Девелопер

Скопје вработување 3 март, 2022
Овој оглас повеќе не е активен. Содржината е зачувана како дел од архивата на IT.mk Кариера.
Види активни позиции
Детали за огласот

За позицијата

Драги PHP девелопери,

Steets е холандска full-service агенција која спојува близу 40 експерти помеѓу своите канцеларии во Вејнендал и Скопје. Заедно со нашите клиенти ги јакнеме нивните брендови на долг рок со мешавина на offline и online, социјални и мобилни медиуми. За нас луѓето се на прво место и веруваме дека инвестицијата во квалитетен кадар и здрав тимски дух е вистинскиот начин да испорачаме врвно искуство за нашите клиенти.

Тимот во Скопје има потреба амбициозна и ентузијастична личност која посакува да ни се приклучи и да ја развива својата кариера како PHP девелопер во една од најпрогресивните работни атмосфери во IT индустријата во Македонија и поширокиот регион.

Околу работата

Во секојдневната соработка помеѓу Холандија – Македонија, изработуваме решенија кои може да се поделат во три категории:

Прилагодени (custom) проекти
Развиваме custom веб-страни, веб-шопови и веб-апликации. Заедно со клиентот креираме план за успех без разлика дали целта е генерирање повеќе lead поени, продажби преку нивното API, правење на поефикасни интерни процеси итн.
Одржување и развој на постоечки апликации
Клиентите што го оутсорсираат нивниот дигитален маркетинг кај нас имаат редовна потреба од промени и одржување на нивната апликација. Додека пак, маркетинг агентите имаат за цел да изнаоѓаат нови и подобри начини да се разберат посетителите и заедно со тебе да создатете решение кое ќе го овозможи тоа.
Развивање на алатки
Со цел да им помогнеме на нашите клиенти, потребни ни се соодветни алатки. Потребните алатки варираат од e-mail маркетинг систем, прикажување на прилагодена содржина на посетителите, додавање на CMS функционалности итн.

Ти…

  • Имаш 2 или повеќе години искуство во PHP (OOP) и MySQL
  • Имаш искуство во Javascript (jQuery), HTML, CSS
  • Имаш искуство со Drupal CMS и Symfony framework
  • Си поврзувал/ла со различни веб сервиси користејќи SOAP и/или REST
  • Се снаоѓаш добро низ GIT и имаш некакво искуство со UNIX
  • Знаеш и користиш добри практики за програмирање како објектно ориентиран дизајн и патерни, рефакторирање, користење чист код и unit тестирање
  • Ги следиш најновите технологии и сакаш да го споделуваш знаењето со колегите

Ние нудиме…

  • 40 часа неделно исполнети со предизвици
  • Kонкурентна плата и бенефиции
  • Сесии за споделување на знаењa
  • Патување до Холандија за тим-билдинг и тренинзи
  • Поддржувачка и забавна работна атмосфера
  • Можности за постојан напредок и кариерен развој

Ако сето ова звучи одлично за тебе, аплицирај тука или преку e-mail на [email protected]
Со нетрпение очекуваме да те запознаеме подобро!

Тимот на Steets
www.steets.nl

Мени
Заедница
Изглед
To top