Front-end веб дивелопер
Компанија која нуди широк спектар на ИКТ услуги.
За позицијата
IWM Network има потреба од front-end веб дивелопер со добро познавање на HTML5 и CSS3. Позицијата е отворена за секој кој има желба да се приклучи на тим кој брои 15 луѓе, кои работат во тимска и динамична атмосфера во центарот на Скопје.
IWM Network е основана во 2008 година, а во своја сопственост ги има проектите IT.mk, премиум хостинг платформата xo.mk, креативната агенција Glitch Agency, и има стратешки партнери како Zero Science Lab.
Портфолиото на компанијата надминува бројка од 100 клиенти на македонскиот и интернационалниот пазар, меѓу кои и Vip/one.Vip, CyanogenMod, Тиквеш Винарија, ПроКредит Банка, Бадел 1862, Еден на Еден и многу други…
Позицијата е отворена за секој дивелопер со барем година дена искуство (се вбројува и фриленс работа или работа на лични проекти).
Главни oдговорности:
- Дополнителен развој на сајтови на постоечки клиенти,
- Оптимизирање на код согласно SEO стандарди,
- Развој на front-end за веб апликации,
- Техничко QA тестирање на проекти,
- Ефективно комуницирање со останатите членови на тимот.
Потребни познавања:
- Познавање на англиски јазик (зборување и пишување),
- Одлично познавање на HTML5 и CSS3 како и моменталните веб дизајн трендови,
- Познавање на WordPress или Drupal е голем плус,
- PHP вештини поткрепени со претходно искуство на ова поле,
- Плус референца е познавање на некој responsive framework како BootStrap,
- Познавање на MySQL DBMS,
- Посветување внимание на детали.
Услови за работа:
- Редовна и компетитивна плата,
- Флексибилно работно време,
- Хоризонтален менаџмент,
- Можности за бонуси,
- Пријателска и тимска атмосфера.
При процесот на аплицирање ве молиме посочете ваши проекти или проекти на кои сте работеле. Доколку сте ограничени со NDA, објаснете го вашиот придонес во проектот без именување. Стандардно CV воопшто не е потребно за апликација на оваа позиција, можете да аплицирате само со линк до ваше портфолио или ваш проект доколку сметате дека истите ќе бидат прецизни во објаснување на вашите способности.
Рокот за пријавување е до 15 март, 2016 година.