Платена пракса за веб дивелопер
За позицијата
IWM Network објавува оглас за платена пракса за еден практикант со познавање на веб технологии. Претходно работно искуство не е потребно. Позицијата е отворена за секој кој има желба да се приклучи на тим кој брои 15 луѓе, кои работат во тимска и динамична атмосфера во центарот на Скопје. IWM Network е основана во 2008 година, а во своја сопственост ги има проектите IT.mk, премиум хостинг платформата xo.mk, креативната агенција Glitch Agency, и има стратешки партнери како Zero Science Lab. Портфолиото на компанијата надминува бројка од 100 клиенти на македонскиот и интернационалниот пазар, меѓу кои и Vip/one.Vip, CyanogenMod, Тиквеш Винарија, ПроКредит Банка, Бадел 1862, Еден на Еден и многу други… Позицијата е отворена за секој студент или заинтересиран кандидат со минимални познавања на основите на веб технологии или развој на софтвер. Секое искуство во поглед на сопствени проект или фриленс работа е плус.
- Кандидатот би работел на постоечки проекти (интерни и за клиенти) и би асистирал на главниот веб дивелопер во тимот во извршување на задачите.
- Работното време е флексибилно и зависи од можностите на кандидатот.
- Кандидатот ќе добие месечен хонорар со платен данок исплатен преку авторска агенција.
- Постои можност за редовно вработување.
Рокот за пријавување е до 15 февруари, 2016 година.