Многу корисници се огромни фанови на аниме сериите, но нити знаат јапонски, нити англиски јазик. Во случај да барем со српскиот јазик немате преголеми проблеми, Anime Srbija е феноменален веб сајт кој никако не би требало да го заобиколите.
Anime Srbija се одликува со огромен број аниме серии и филмови кои се одликуваат со висока резолуција и текстуален превод на српски јазик. Бројни нови епизоди релативно брзо стануваат достапни за гледање на сајтот, а на располагање имате и соодветни категории кои внимателно ги имаат поставено сериите, односно филмовите во соодветни жанрови.
Започнување со одредена епизода е брза и едноставна процедура, а вчитувањето на преводот е автоматско. Единствена забелешка што имаме е тоа што сајтот агресивно сервира реклами и го намалува севкупниот впечаток, но, од нешто мора да се живее. Доколку сакате да се ослободите од рекламите, може да добивате поени и да станете премиум корисник преку давање донации или работење на преводи или рендерирање.







