contact Архивиран оглас

Платена пракса за веб дивелопер

пракса 4 декември, 2015
Овој оглас повеќе не е активен. Содржината е зачувана како дел од архивата на IT.mk Кариера.
Види активни позиции
Детали за огласот

За позицијата

IWM Network објавува оглас за платена пракса за еден практикант со познавање на веб технологии. Претходно работно искуство не е потребно. Позицијата е отворена за секој кој има желба да се приклучи на тим кој брои 15 луѓе, кои работат во тимска и динамична атмосфера во центарот на Скопје. IWM Network е основана во 2008 година, а во своја сопственост ги има проектите IT.mk, премиум хостинг платформата xo.mk, креативната агенција Glitch Agency, и има стратешки партнери како Zero Science Lab. Портфолиото на компанијата надминува бројка од 100 клиенти на македонскиот и интернационалниот пазар, меѓу кои и Vip/one.Vip, CyanogenMod, Тиквеш Винарија, ПроКредит Банка, Бадел 1862, Еден на Еден и многу други… Позицијата е отворена за секој студент или заинтересиран кандидат со минимални познавања на основите на веб технологии или развој на софтвер. Секое искуство во поглед на сопствени проект или фриленс работа е плус.

  • Кандидатот би работел на постоечки проекти (интерни и за клиенти) и би асистирал на главниот веб дивелопер во тимот во извршување на задачите.
  • Работното време е флексибилно и зависи од можностите на кандидатот.
  • Кандидатот ќе добие месечен хонорар со платен данок исплатен преку авторска агенција.
  • Постои можност за редовно вработување.

Рокот за пријавување е до 15 февруари, 2016 година.

Мени
Заедница
Изглед
To top