Во време на пандемија, постојано се изнаоѓаат нови и инвентивни начини за онлајн социјализација.
DrawPortal е пример за една таква апликација и ви дозволува да се поврзете со онлајн луѓето на исклучително забавен начин. Имено, се работи за алатка за цртање, која ви дозволува заеднички да произведете уметничко дело, преку интернет и секојдневно муабетење.
DrawPortal се одликува и со поедноставен режим кој се вика Baby Mode и е замислен за онлајн социјална дружба со помлади учесници.
DrawPortal е бесплатна за користење, но доколку сакате да отклучувате дополнителни функции, имате на располагање бројни дополнителни опции.
Преземете ја апликацијата за вашата Android напојувана направа тука!
Добивај известувања
Најава
1 Коментар
Најнови







