Илон Маск се плаши дека истражувања во вештачката интелигенција ќе го донесат Terminator

0 коментари 2 мин. читање

Oсновачот на Tesla Motors и SpaceX, Илон Маск, се плаши дека брзиот развој на вештачката интелегенција може да донесе апокалиптична иднина. Г. Маск е инвеститор во повеќе компании кои ја истражуваат вештачката интелегенција, пред се за да добие информации од прва рака до каде е технологијата. Според тоа што го видел, тој е преплашен дека во иднината можеби не очекува сценарио слично како од филмот Terminator, вели во интервјуто за CNBC. Еве го делот од интервјуто во кое станува збор за вештачката интелегенција:

Џулија Борстин: Тоа е одлично неодамна инвестиравте во компанијата Vicarious. Вештачка интелегенција, за што станува збор?

Илон Маск: Да. Исто така бев инвеститор и во Deepmind пред Google да ги купи. Најмногу инвестирам ви овие компании – не од точка од која сакам да заработам, туку сакам да видам што се случува на полето на вештачка интелегенција. Мислам дека постои можност за опасен исход и мораме да…

Кели Еванс: Опасен? Како?

Маск: Потенцијална опасност. Има филмови за ова, знаете како Терминатор.

Еванс: Да, но филмовите се… – дури и во ваков случај што ќе направите во врска со ова? Мислам кои опасности ги гледате околу кои може да преземете нешто?

Маск: Не знам.

Борстин: Зошто инвестиравте во Vicarious? Што всушност прави? Што би бил конечен производ?

Маск: Vicarious работи на рекурзивни кортикални мрежи, во суштина го имитира човечкиот мозок. И затоа мислам…

Борстин: Значи се обидувате да се обезбедите дека технологијата се користи за добро, а не за Терминатор-лошо?

Маск: Па да. Во Терминатор не ја креираа вештачката интелегенција за – не знаеа каков ќе биде исходот. Наликува на Монти Пајтон: „Никој не ја очекува шпанската инквизиција!“ Мора да бидете внимателни. Мора да бидете сигурни дека-

Еванс: Токкму тоа е иронијата. Човекот кој е одговорен за најнапредната
технологија е загрижен за напредокот во технологијата…

Маск: Да.

Еванс: Мислам, токму затоа прашувам, што може да биде направено? Со други зборови овој материјал е речиси безмилосен, нели? Како можете да запрете доколки видите дека некој од инивациите наликува премногу на мозок?

Маск: Не знам.

Борстин: За што би можела да се користи вештачката интелегенција? Која е нејзината најголема вредност.

Маск: Не знам, но има многу страшни исходи и ние би требале да бидеме сигурни дека сите исходи се добри, не лоши.

…

Покрај тоа што во добар дел од интервјуто г. Маск изгледа дека се шегува, сепак се чини дека дел од неговата загриженост од опасностите кои доаѓаат со вештачката интелегенција е искрена. Остатокот од интервјуто можете да го погледнете на видеото.

[youtube]gSF4tdzcIqs[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед