0 коментари 1 мин. читање

Фанови со краудфандинг го откупија загубениот албум на Aphex Twin; слушнете го бесплатно

Фановите на Aphex Twin можат бесплатно да го слушаат првиот албум од 1994 година на Ричард Д. Џејмс , сега познат како еден од највлијателните електронски музичар. Станува збор за 15 траки кои се снимени под името Caustic Window, и кои беа загубени за најголем дел од фановите се до оваа година кога се појави една копија. Копијата беше проценета на 13.500 долари, a фановите се договорија со продавачот да ја постават албумот на Kickstarter, кампања набрзо собра над 67.000 долари.

Aphex Twin е прогласен The Guardian за најиновативен и највлијателен музичар во современата електронска музика. Албумот Selected Ambient Works 85-92 е прогласен за најдобар албум во 90-тите од магазинот FACT.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top