1 коментар 1 мин. читање

Wikipedia компањон, додаток за Chrome

Додатокот функционира како мини прелистувач. Wiki Companion вметнува W копче кое отвара pop-up прозорче врз страните кои ги гледате. Преку тоа прозорче ќе можете да ја пребарувате Wikipedia без да скокате од таб до таб.

Додатокот има опција за местење на големината на прозорчето, како и за јазикот. За жал го нема македонскиот јазик, барем не се уште. Wiki Companion има одлична опција која овозможува да се пребарува селектиран текст во прозорчето. Исто така интересно е што додатокот ги минимизира поглавјата на текстови, со што се одстранува скролањето и непотребното пребарување на долгите текстови.

За тие што често ја користат онлајн енциклопедијата, Wikipedia Companion е додаток кој заштедува време и нерви, куцање, префрлање од таб на таб… Но ќе треба да се префрлите на Chrome, бидејќи за Firefox ваков додаток нема. Најблиското нешто е Wikipedia Lookup Add-on со кој пребарувате селектиран текст и се отвара нов таб со Wikipedia текст.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top