0 коментари 2 мин. читање 26 март, 2014

Google Glass ќе добијат подобар дизајн со помош на Ray-Ban

Google ќе се обиде да ги направи очилата за проширена реалност Google Glass, попривлечни за сите корисници. За оваа цел компанијата ја започна соработката со Luxottica, краторот на Ray-Ban очилата за сонце.

„Luxottica има навистина имресивна историја во изминативе 50 години на дизајнирање, производство и дистрибуција на некој од најуспешните и најпознатите брендови очила. Воодушевени сме од партнерството со кое ќе го донесе Glass и пошироката индустрија напред кон растечкиот маркет на паметни очила“, вели Астро Телер, заменик-претседател на Google.

Коорпорациите ќе креираат заеднички тим на експерти посветени на дизајн, развој, алатки и инженеринг на Glass продуктите кои ќе бидат спој на модата, животен стил и иновативната технологија. Luxottica во групата додаде два од своите брендови, Oakley и Ray-Ban. Очилата ќе излезат на пазарот во 2015 година, а тимовите работат во Италија, САД и Кина, изјави Ентони Гуера за Repubblica.

„Веруваме дека стратешко партнерство со Google е идеална платформа за развој на развој на следниот чекор во нашата индустрија и одговор на на потребите на потрошувачите на глобалниот пазар“, вели Ентони Гуера од Luxottica.

Покрај изгледот проблемот со приватноста е најголемиот проблем кој ги следи Google Glass, а компанијата неодамна се обиде да им објасни на корисниците дека нивната приватност нема да биде повеќе нарушена отколку со паметните телефони.

[youtube]v1uyQZNg2vE[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top