0 коментари 1 мин. читање

Апликација на денот: Hungry? e нова македонска апликација која ќе ви помогне да најдете ресторан

Hungry? e македонска Android апликација од Виктор Стојановски и е негова четвртта апликација на Google Play. Како што наговестува името апликацијата ви сугерира каде да јадете, доколку веќе немате план. Изборот на ресторан се прави од локациите кои се оддалечени до 2,5 км од корисникот, а за лоцирање на рестораните, кафаните и слични места за јадење е искористено API-то на FourSquare. Ова овозможува апликацијата да биде подобра колку што корисниците учествуваат во оценување на рестораните. Апликацијата изгледа одлично, го користи целиот екран на телефонот, а овозможува и гласовно пребарување. Освен ова апликацијата нуди можност за навигација до локациите и телефонски повик од апликацијата.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top