0 коментари 1 мин. читање

Wikipedia започна да ги снима гласовите на познатите

Wikipedia најавува нова содржина, WikiVIP ќе им овозможи на познатите и на значајните личности да го остават својот глас снимен за следните генерации. WikiVIP е всушност акроним за Wikipedia Voice Intro Project. Прв на проектот се приклучи англискиот актер Стивен Фрај кој додаде секвенца од својот глас на неговата Wikipedia страна.

На проектот се приклучи и BBC кој сподели дел од својата архива на зачувување. Помеѓу звуците кои ги сподели Британскиот сервис се гласови на Тим Бернарс-Ли и Аунг Сан Су Ки. Wikipedia ги повикува сите познати и значајни личности да остават снимка од својот глас на своите страни.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top