2 коментари 1 мин. читање

Надополнето: По 3 месеци Microsoft го повлече Kin

Првичниот текст oд 13.04.2010: KIN е мобилен телефон наменет за помладата „социјална генерација“ која сака да споделување слики, видеа, твитови и Facebook постови.

„Го изградивме KIN за луѓе кои сакаат да бидат поврзани, да споделуваат, и да комуницираат со пријателите и фамилијата. Оваа социјална генерација сака и бара повеќе од својот телефон.“ рече Роби Бач, претседател на оделот за забава и уреди на Microsoft.

Има два модели на Kin. И двата имаат екран на допир, кој постојано ги прикаува најновите промени и случувања од друштвените мрежи. KIN One е помал телефон, за во една рака, со 4GB простор и со 5 мегапискели камера. KIN Two е поголем телефон со поголема тастатура на слајдер, со 8ГБ простор и 8 мегапикселна камера што може да снима 720p HD видео. И двата телефони работат на KIN софтвер, односно приспособена верзија на Windows Phone 7. KIN е и првиот уред кој има пристап до Zune, музичкиот сервис на Microsoft.

Најавено е дека телефонот ќе се појави во американските продавници во мај, додека во Европа ќе биде достапен во есен 2010 година. Се уште не е објавена цената на телефоните.

Повеќе слики од телефоните ќе најдете тука, како и видео од преставувањето на KIN.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top