Покрај мулти-таскингот (работење на неколку апликации истовремено) новиот iPhone 4.0 ОS ќе има и фолдери за организирање на аликациите, ќе има подобрен мејл со унифициран инбокс, менаџмент на мобилни уреди, бежична дистрибуција на апликации, како и нова iAd платформа за мобилни реклами и iBooks читач.
iPhone 4.0 ОS ќе се појави летото со следниот iPhone 3GS и третата генерација на iPod. Во меѓувреме девелоперите ќе имаат пристап до 1.500 нови интерфејси за апликации (API)кои ќе бидат подржани од овој оперативен систем. iPhone 4.0 OS на есен ќе се појави и за iPad.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.