0 коментари 2 мин. читање 15 ноември, 2013

Една паметна кредитна картичка да владее со сите други

Coin е интересна идеја на Канишк Парашар за кредитна картичка која ќе ги замени сите картички во вашиот новчаник. Coin e всушност паметна картичка која во себе ги меморира податоците од сите картички кои ги поседувате, пишува Inc. Картичките се внесуваат со додакот за паметен телефон на кој ги поминувате картичките кои потоа се запомнети на Coin. Покрај доволно меморија да ги запомни сите картички, Coin доаѓа и со едноставен кориснички интерфејс и дисплеј кој покажува која картичка сте ја избрале во моментот.

Доколку мислите дека некој може да дојде и да ги скенира сите картички кои ги поседувате и да ги внесе на Coin, креторите сепак се погрижиле користењто на картички да биде единствено можно со оригиналните податоци на сопственикот. Доколку пак се случи да заборавите Coin, апликацијата на паметниот телефон ќе ве предупреди дека премногу сте се одалечиле од картичката.

За жал сè уште не е подготвена да излезе од прототип фазата, креаторот на Coin се надева дека со помош на crowdfunding ќе успее да собере 50.000 долари кои му се потребни за картичката. Кога конечно ќе излезе во употреба се очекува Coin да чини околу 100 долари. Корисниците кои ќе ја купат картичката во предпродажба ќе треба да издвојат половина од оваа сума или само 50 долари.

[youtube]w9Sx34swEG0[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top