Стопанска Банка АД Скопје Архивиран оглас

Оператор

Членка на  НБГ – најголемата финансиска групација  во Југоисточна Европа

Скопје 31 март, 2021
Овој оглас повеќе не е активен. Содржината е зачувана како дел од архивата на IT.mk Кариера.
Види активни позиции
Детали за огласот

За позицијата

Стопанска Банка АД Скопје, членка на  НБГ – најголемата финансиска групација  во Југоисточна Европа, објавува:

О Г Л А С

За прием на работник на работно место ОПЕРАТОР во Сектор за информатичка технологија

Работното место ги опфаќа следниве активности:

  • Мониторинг на системи
  • Обезбедување хелпдеск поддршка
  • Мониторинг и поддршка на банкомати
  • Администрирање кориснички профили
  • Спроведување системска обработка
  • Контрола на опремата и на активностите во центарот за податоци

Кандидатот треба да ги исполнува следниве квалификации:

  • Одлично познавање работа со компјутери и Windows оперативен систем
  • Искуство со ИТ хелпдеск поддршка, мониторинг на системи, решавање и ескалација на инциденти
  • Основно познавање Unix или Linux оперативни системи
  • Основно познавање компјутерски мрежи и сигурност на информациски системи
  • Завршено високо образование, информатичка технологија, електротехника, машински или друг технички факултет
  • Одлично познавање англиски јазик
  • Работно искуство од најмалку 2 години во областа

Лични карактеристики:

  • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање иницијативи
  • Тимски дух, позитивен став  и однесување
  • Способност за работа под притисок, соочување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во краток временски рок
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос

Банката обезбедува основна нето-плата од 30.000,00 МКД

Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно и распоред на работата во смени, кои се покриваат  во текот на целата недела според план за сменско работење. Банката исплатува додатоци и надомест за работен однос во согласност со законските прописи. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина и можности за професионален напредок на своите вработени.

Ве молиме вашата кратка биографија (CV) на англиски и на македонски јазик да ја доставите преку инернет на следниов линк: http://www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/, преку e-пошта:  human.resources@stb.com.mk, или во седиштето на Банката на ул. „11 Октомври“, бр. 7, 1000 Скопје со забелешка за кое работно место аплицирате. Лице за контакт, Даниела Радевска, тел.02/3295-277.

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, во согласност со бројот на пријавени кандидати.

Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

Мени
Заедница
Изглед
To top