Стопанска Банка АД Скопје Архивиран оглас

Аналитичар / програмер

Членка на  НБГ – најголемата финансиска групација  во Југоисточна Европа

Скопје 31 март, 2021
Овој оглас повеќе не е активен. Содржината е зачувана како дел од архивата на IT.mk Кариера.
Види активни позиции
Детали за огласот

За позицијата

Стопанска Банка АД Скопје, членка на  НБГ – најголемата финансиска групација  во Југоисточна Европа, објавува:

О Г Л А С

За прием на работник на работно место аналитичар / програмер во Сектор за информатичка технологија

 Кандидатот треба да ги исполнува следниве квалификации:

  • Искуство во развој на веб и на десктоп софтверски апликации со Microsoft Visual Studio во VB.NET и C#
  • Познавање работа со бази на податоци во Microsoft SQL Server
  • ВСП – Факултет за информатичка технологија или електротехника
  • Минимум 2 години работно искуство како .NET програмер
  • Одлично познавање англиски јазик

 Лични карактеристики:

  • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање иницијативи
  • Тимски дух, позитивен став и однесување
  • Способност за работа под притисок, соочување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос

 Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно. Работното време е со почеток од 8.00 ч. до 9.00 ч. и крај од 16.00 ч. до 17.00 ч. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

Ве молиме вашата кратка биографија (CV) на англиски и на македонски јазик да ја доставите преку интернет на следниов линк: http://www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/, преку e-пошта:  human.resources@stb.com.mk, или во седиштето на Банката на ул. „11 Октомври“, бр. 7, 1000 Скопје, со забелешка за кое работно место аплицирате. Лице за контакт, Даниела Радевска, тел.02/3295-277.

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, во согласност со бројот на пријавени кандидати.

Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

 

Мени
Заедница
Изглед
To top