3 коментари 2 мин. читање 14 октомври, 2013

HTC Оne Mаx е 6-инчен Android телефон кој се отклучува со отпечаток од прст

HTC го претстави One Max еден ден порано откако слики oд телефонот, кој е поголема верзија од One, се појавија на интернет. Освен големиот 5,9-инчен екран, One Max се истакнува по тоа што е прв Android телефон со сензор за отпечатоци од прсти кој стартува откако Apple го претстави iPhone 5S. Но, за разлика на телефонот на Apple, сензорот кај One Max е на задната страна.

Сензорот за отпечатоци дозволува корисниците да го заклучуваат и отклучуваат телефонот со отпечаток. Сензорот треба да го направи телефонот поедноставен за отклучување од сопственикот, без внесување на пинови, и побезбеден бидејќи отпечатокот е уникатен. Но, безбедноста на сензорот беше ставена на дискусија откако германска група хакери најдоа начин да го отклучат iPhone 5S со украден отпечаток. Сепак, некои безбедносни експерти велат дека подигање на отпечаток може да се направи само ако се има соодветна експертиза, што не е случај со просечните крадци.

[youtube]X3nccIJ7L_o[/youtube]

Што се однесува на другите спецификации на „фаблетот“ One Max, телефонот има 1,7 GHz процесор со четири јадра, 2 GB RAM, простор од 16 и 32 GB, поддршка за 1080p видео, 4 мегапиксели HTC UltraPixel камера и HTC Sense 5,5 изграден врз Android 4.3.

Спецификациите се слични како и сите други конкурентни high-end Android телефони, но сензорот за отпечатоци ќе може да го направи уредот на HTC малку поатрактивен од другите. Тајванскиот гигант забележа 100 милиони загуби во последниот квартал, и полека го губи пазарот, пред се Android пазарот од конкуренти како Samsung, кој пак најави рекордни профити. Проблемот што го има компанијата, е што за разлика од пофалениот HTC One, поголемата копија One Mаx веќе наиде на критики од куп ИТ блогови кои го препорачуваат Samsung Galaxy Note 3 за љубителите на фаблети.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
@boriseto
12 years ago

Не е прв. Проверете го Motorola ATRIX.

toteto
toteto
12 years ago
Reply to  @boriseto

Точно.

Мени
Заедница
Изглед
To top