0 коментари 1 мин. читање

Terra Motors претстави електричен мопед кој е „додаток за iPhone oд 4.500 долари“

Јапонската компанија Terra Motors објавува дека го креираа првиот електричен мотор за масовно производство. A4000i наликува на мопед, но всушност е „4.500 долари вреден додаток за iPhone“, пишува The Verge.

Моторот A4000i доаѓа со специјален простор на возачката табла во кој може да се смести iPhone. Телефонот и возилото се поврзуваат преку Bluetooth и преку апликација може да се провери колку е полна батеријата и информации за патот, а Terra развива сопствен навигациски софтвер и опција за споделување на GPS податоците преку облак.

Моторот ќе чини 4.500 долари, а пред сè е наменет за пазарот во Азија, иако логиката кажува дека по оваа цена ќе им биде достапен на најбогатите. Можеби најголема предност е обидот на соработка на производителот за дистрибуција на полни батерии. Неколку продавници веќе покажале интерес да бидат локации за размена на празните батерии за полни.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top