СЕРВИСЕР ЗА ИКТ ОПРЕМА
За позицијата
AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Косово, Бугарија). Благодарение на бизнис принципите и политиката за квалитет на услугите кои ги нудиме, постанавме клучен фактор во IT секторот во Македонија. AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Xerox итн. Освен дистрибуција на IT производи, компанијата има експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија. Важен дел од услугите кои ги нудиме е и постпродажното опслужување во сертифицираниот сервис на компанијата кој одговара на потребните меѓународни стандарди. Поради зголемен обем на работа, објавува оглас за вработување на (двајца) извршители на работна позиција:
СЕРВИСЕР ЗА ИКТ ОПРЕМА
ВО СЕКТОР ЗА СЕРВИС И ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА
Задачи и одговорности:
· Сервис, поправка и одржување на преносни компјутери, десктоп и таблет компјутери (сервис на хардверските делови на ниво на електроника);
· Сервис, поправка и одржување на канцелариска и мрежна опрема (печатари, копири, сервери)
· Точно и редовно следење на работните налози;
· Навремено, брзо и прецизно дијагностицирање и отстранување на настанатите дефекти;
· Инсталација на оперативни системи (Windows,Linux,IOS,Android);
· Инсталација на услужни програми, антивируси и нивно сетирање;
· Инсталација, сетирање и сервисирање на мрежна опрема;
· Техничка подршка на корисници, комуникација поврзана со временски рокови и статус на уредите оставени за сервис;
· Поднесување јасни и прецизни извештаи за извршените услуги, обврски и постигнати резултати;
Од кандидатот очекуваме:
· Завршено средно образование, пожелно насочено стручно училиште;
· Пожелно е претходно работно искуство, во областа на сервисирање на електронски апарати и компјутерски конфигурации;
· Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија;
· Способност за работа со временски рокови;
· Темелност, одговорност и посветеност;
· Основно познавање на англискиот јазик (пишан и говорен) ќе се смета за предност;
· Возачка дозвола Б категорија, активен возач;
Ние ви нудиме:
· Динамично работно опкружување и креативност во работата;
· Можност за интензивно лично и професионално усовршување;
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [email protected], со назнака: “Оглас за СЕРВИСЕР ЗА ИКТ ОПРЕМА“.
Само потесно селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.