AITONIX Архивиран оглас

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА ИКТ ОПРЕМА

вработување 16 февруари, 2021
Овој оглас повеќе не е активен. Содржината е зачувана како дел од архивата на IT.mk Кариера.
Види активни позиции
Детали за огласот

За позицијата

AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Косово, Бугарија). Благодарение на бизнис принципите и политиката за квалитет на услугите кои ги нудиме, постанавме клучен фактор во IT секторот во Македонија. AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Xerox итн. Освен дистрибуција на IT производи, компанијата има експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија. Важен дел од услугите кои ги нудиме е и постпродажното опслужување во сертифицираниот сервис на компанијата кој одговара на потребните меѓународни стандарди. Поради зголемен обем на работа, објавува оглас за вработување на  (двајца) извршители на работна позиција:

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА ИКТ ОПРЕМА

ВО СЕКТОР ЗА СЕРВИС И ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА

 

Задачи и одговорности:

Сервис, поправка и одржување на преносни компјутери, десктоп и таблет компјутери (сервис на хардверските делови на ниво на електроника);

Точно и редовно следење на работните налози;

Навремено, брзо и прецизно дијагностицирање и отстранување на настанатите дефекти;

Инсталација на оперативни системи (Windows,Linux,IOS,Android);

Поднесува јасни и прецизни извештаи за  извршените услуги, обврски и постигнатите резултати;

Остварува комуникација со клиентите за временски рокови и статусот со уредите оставени за сервис

 

Од кандидатот очекуваме:

Завршено средно образование, пожелно насочено стручно училиште;
Пожелно е претходно работно искуство, во областа на сервисирање на електронски апарати и компјутерски конфигурации;
Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија;
Способност за работа со временски рокови;
Темелност, одговорност и посветеност;
Основно познавање на англискиот јазик (пишан и говорен) ќе се смета за предност;
Возачка дозвола Б категорија, активен возач.

Ние ви нудиме:

Динамично работно опкружување и креативност во работата;

Можност за интензивно лично и професионално усовршување

 

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [email protected], со назнака:  “Оглас за ЕЛЕКТРОНИЧАР ЗА ИКТ ОПРЕМА

Само потесно селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

 

 

Мени
Заедница
Изглед
To top