ИТ КООРДИНАТОР
За позицијата
Во име на нашиот клиент- ОКТА АД- Скопје, дел од Групацијата Хеленик Петролеум и најголем снабдувач на горива во земјата, кој нуди врвни иновативни и конкурентни енергетски производи и услуги, пионер вопромовирање на одржлив развој и енергетска транзиција, ДЕКРА ја огласува позицијата:
ИТ КООРДИНАТОР
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
Грижа за непрекинато и за континуирано функционирање на системот; решавање проблеми, интервенции;
Комуникација со сите корисници, утврдување на нивните недостатоци и потреби во нивната секојдневна работа;
Комуникација со надворешни соработници;
Креирање на мрежна инфраструктура и корисници, контрола на пристапот на корисниците на податоци и управување со непотребна безбедна мрежа;
Асистирање при креирање на ERP решенија и давање совети / контрола за одредени пристапи за корисниците;
Имплементирање, тестирање на нова работна опрема, како и нови програми;
Преглед, контрола и известување за сите телекомуникациски услуги и сервиси во компанијата;
Имплементација на ИТ политики и развој на нови;
Работа на проекти со дефинирани рокови и ресурси;
Планирање на времето и категоризирање на приоритетите за извршување на задачите во тимот;
Извршување други задачи во доменот на стручната квалификација.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
ВСС – Факултет за информатички науки (ФИНКИ, ФЕИТ или друг сличен факултет);
Најмалку 5 години релевантно работно искуство на слични работни позиции;
Работење со SQL бази на податоци;
Познавање на програмирање во различни бази на податоци;
Работење со ERP процеси;
Конфигурирање на мрежна опрема CISCO или HP (switches, routers, FO…);
Познавање на мрежни принтер апарати.
СЕРТИФИКАТИ
Поседување сертификат за работа со SQL бази на податоци ќе се смета за предност;
Поседување сертификат за кон фигурирање на мрежна опрема CISCO или HP (switches,routers, FO…) ќе се смета за предност.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
Работење со MS Office;
Искуство во администрација на SAP ќе се смета за предност;
Возачка дозвола, Б-категорија;
Одлично познавање англискијазик;
Одлични организациски и аналитички способности;
Добри комуникациски вештини;
Мобилност и флексибилност;
Ориентираност кон тимска работа;
Работа со кратки рокови;
Посветеност, мотивираност, иницијативност, одговорност, доверливост.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Клиентот нуди можност за континуирано учење и професионално надоградување.
Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција, своите професионални биографии можете да ги испратите на: [email protected].
Крајниот рок за аплицирање е : 20/12/2020
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [email protected]