0 коментари 2 мин. читање 2 април, 2013

Facebook и HTC ќе претстават заеднички телефон, еве ги деталите…

Facebook Phone е всушност mid-range HTC Myst кој работи на модифициран Android со Facebook Home апликација. Оваа апликација ќе го замени домашниот екран, и ќе биде комплетно различна од тоа што сте навикнале да гледате на Android телефон.

Android Policе во софтверските алатки за телефонот откри дека Facebook Home ќе овозможи дополнителни Android функционалности како отварање на прозори врз други апликации, гасење на екранот, активација веднаш при стартување на телефонот, мониторинг на други апликации и контрола врз Wi-Fi конекцијата. Facebook веќе има подготвено дозволи за TouchWiz за Samsung уредите, што значи дека Facebook Home може да се појави и како самостојна апликација. Во кодот има и знаци за промени на икони во корист на Like копчето, има Google копче што значи дека Facebook нема да го користи Microsoft Bing како прелистувач и има Chat Heads интерфејс за комуникација со вашите контакти.

Што се однесува до хардверот на HTC Myst, овој телефон не е ништо посебно, иако не би ни очекувале да биде. Facebook Phone сигурно е поинтересен за помладите корисници кои не можат да потрошат куп пари на уред. Myst има 4,3 инчен екран со 720p резолуција, 5 мегапиксели камера и 1,6 мегапиксели предна камера, 1 GB RAM, нема SD картичка. Секако ова се детали на уред кој се користи за тестирање од вработените на Facebook. Крајниот продукт може да биде коплетно различен.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top